Лигарот Херкулес е најголемата мачка на планетата. Тој тежи повеќе од 450 килограми, долг е 330 центиметри и висок е 120 центиметри, а пред 10-тина години за него пишуваа сите светски медиуми.
Овој хибрид стана интересен по неколкуте телевизиски прилози во кои било очигледно дека огромниот ѕвер е всушност многу питом и дека повеќе од се на светот сака млеко од шише.
Во засолништето „Myrtle Beach Safari“, освен Херкулес живеат и други огромни лигри – лигар е хибрид помеѓу лав и тигар, а како што велат љубителите на животни, тие ги имаат најдобрите особини од видовите на своите мајки и татковци.
Лигрите се вистинска атракција во споменатото засолниште, а љубителите на животни секојдневно ги посетуваат, фотографираат, галат и хранат со шишиња млеко.