Само три прашања ве делат од тоа да дознаете дали сте просечна личност или пак целосен генијалец.
Тестот на когнитивна рефлексија е најкраткиот IQ тест на светот. Иако се состои од само три прашања и делува едноставен, само еден од пет луѓе успева да го реши точно.
Необичната метода за процена на интелигенција во 2005-та година ја направил професорот Шејн Фредерик.
Секое од прашањата го дизајнирал за да ја процени вашата способност на идентификација на едноставен проблем кој што всушност е потежок отколку што изгледа на прво читање.
Најкраткиот IQ тест на свет:
1. Топка и палка за бејзбол чинат 1.10 евра. Палката чини 1 евро повеќе од топката. Колку чини топката?
2. Пет машини за 5 минути произведуваат 5 штрафови, колку време е потребно 100 машини да направат 100 штрафови?
3. Во езеро се наоѓа дел покриен со водни лилјани. Секој ден, тој дел се зголемува двојно. Доколку се потребни 48 денови лилјаните да го покријат целото езеро, за колку време би покриле половина од езерото?
Доколку се обидовте да ги одговорите овие прашања, тогаш веројатно сте одговориле, 0.10 центи, 100 минути и 24 часа. Но, сте погрешиле.
.
.
.
.
.
.
.
Точни одговори:
1. Топката всушност би чинела 0.05 евра
Иако лесно е да претпоставите дека топката чини 0.10 евра, тоа би значело дека палката чини 1.10 евра затоа што за едно евро е поскапа од топката. За дополнителниот збир да остане 1.10 евра, тогаш топката мора да чини 0.05 евра, а тогаш палката чини 1.05 евра.
2. Би биле потребни 5 минути да се направат 100 штрафови
5 машини можат да направат 5 штрафови за 5 минути. Тоа значи дека една машина ќе направи еден штраф за 5 минути. Затоа, 100 машини можат да направат 100 штрафови за 5 минути.
3. Потребни се 47 дена за лилјаните да покријат половина езеро
Лилјаните ја дуплираат својата големина секој ден, додека се шират. Тоа значи дека на 47-от ден, пред да го покријат целото езеро, би биле на половина пат од целата големина.