Иако се наоѓа во самото срце на Европа, оваа држава во текот на годината ја посетуваат мал број туристи.
Оваа држава има само еден копнен сосед – Италија. Според пишувањата на американското списание “Insider“, Сан Марио е поубав дури и од Тоскана, но моментално се рангира како најмалку посетувана држава во Европа.
Податоците од Светската туристичка организација на ОН покажуваат дека иако Сан Марино е најнепосетуваната држава во Европа дека е преполн со лозја и ридови, убаво сместување, романтични ресторани и тесни камени улички кои восхитуваат со нивната убавина.
Новинар од тој портал поминал неколку денови во Сан Марино и напишал дека тоа е една од најмалите земји на светот и дека од таа држава се помали само Ватикан и Монако. Таму живеат околу 34.000 луѓе, а територијата на оваа држава во целост ја опколува Италија.
Историјата на демократија во оваа земја е повеќе од 17 векови па многумина ја нарекуваат и најстара континуирана демократија на светот.
Бидејќи во целост се наоѓа на Апенинскиот полуостров и на него зазема многу мал дел не е ни чудно што пејзажите во Сан Марино во основа се исти како и италијанските, а особено на оние во Тоскана. Тоа значи дека има исти раскошни планини, лозја, земјоделско земјиште и природно опкружување како неа.
Дворците се како од бајките и тие се доволно добар мотив за туритите да ја посетат оваа држава.
„Доколку пејзажите кои го одземаат здивот не се доволна причина за некој да се упати кон Сан Марино тогаш сите би требало да бидат восхитени од замоците каде што постојат одлични ресторани со врвна храна“ – се наведува во текстот од “Insider“.