Ова е најновиот ‘необичен’ симптом на коронавирусот кој го пријавуваат луѓето ширум светот – променети индикаторите на опасниот вирус

819

Многумина од заболените пациенти со коронавирусот укажуваат нови симптоми на болеста, а истите чувствуваат нешто како ‘зуење’ на телото.

Заболените од коронавирусот тоа искуство го споделуваат на социјалните мрежи, а симптомот го опишуваат како ‘непознат, а тој е сличен на нешто како зуење’.

Докторите наведуваат дека станува збор за посебна сензација – чувството кое поедини пациенти го имаат додека нивното тело се бори со опасната болест.

„Една пациентка тој нов симптом го опиша на социјалната мрежа Твитер, како нешто да ѝ струи по кожата додека пак друга кажала дека нејзиниот партнер имал чувство како кожата да му гори, па морале да го мачкаат со лосион за сончање. Користеле и крема против изгореници“ – додава жената.

Останатите симптоми кои што се познати за оваа болест се грозница, болки во телото, отежнато дишење, замор, сува кашлица, дијареа, мозочен удар, а од друга страна има и пациент кај кои што нема никакви симптоми на болеста, а кои што се заразени – асимтоматски пациенти.

Докторите евидентирале и невролошки симптоми, како вртоглавица и главоболка, атаксија која што се опишува како недостаток на координација во движењето. Атаксијата може да влијае и на говорот, движењето на очите и способноста за голтање.

Пандемијата коронавирус владее со светот. Во светот заразени се над 1.700.000 луѓе, а од истиот починале околу 103.000 луѓе. Вкупниот број на заздравени случаи е поголем од 376.000.