Функционер во индонезиското Министерство за финансии вчера беше најсреќниот човек на светот, бидејќи за влакно ја одбегна авионската несреќа на авионот Boing 737 “Lion Era” кој се сруши во море.
Сони Сетиаван бил заглавен во сообраќајот и задоцнил на летот кој само по неколку минути од полетувањето од Џакарта се сруши во Јавонското море, пренесува Дејли Меил.
Сетиаван, функционер во Министерството за финансии во Индонезија требало да биде помеѓу 189 патници и членови на екипажот на авионот кој денес наутро полета од Џакарта.
Cerita Sony Setiawan, Penumpang Lion Air JT 610 Tak Jadi Berangkat, Batal Terbang karena Macet https://t.co/GBAqMWfPlW pic.twitter.com/RLepWMBbos
— suara Palembang (@SuaraPalembang) October 29, 2018
Меѓутоа, тој поради гужва во сообраќајот го пропуштил летот.
Сетиаван подоцна полетал за Палканпинанг со друг авион. Откако безбедно слетал на аеродром, новинарите го опкружиле.

“Обично на аеродром пристигнувам околу 3 часот наутро, но денес пристигнав после 6. Кога слушнав за несреќата, започнав да плачам. Таму беа моите колеги и пријатели”, изјавил тој.

Тој требаше да биде во авионот со најмалку 23 свои колеги, но за негова среќа тој не успеал да стигне на летот, кој набрзо после полетувањето се сруши во море.
Се верува дека нема преживеани.

