Ова е најстарата ќерка на Аца Лукас: Работи во “Гранд“ и личи на татко си (ФОТО)

635

Многумина можеби не знаат, но популарниот српски пејач Александар Вуксановиќ попознат како Аца Лукас има четири деца.

Уште помалку е познато дека неговата најстара ќерка Миљана Вуксановиќ избра да го гради својот живот самостојно, без оглед што нејзиниот татко е една од најголемите ѕвезди на регионалната естрадна сцена.

Иако има 29 години, таа не живее луксузен живот како нејзините врсници, чии родители се јавни или славни личности. Не вози скап автомобил, не живее во голем луксузно опремен стан, не троши многу пари на скапи парчиња облека, туку живее просечен живот, како целиот нормален свет.

Таа е професионална шминкерка и веќе пет години работи на телевизијата „Гранд“, а неретко го шминка и нејзиниот татко, на кого неодоливо физички потсетува. Инаку, Миљана се породи кон крајот на месец мај 2018 година и роди ќерка, па така Лукас е и дедо.