Катрион Магнајон Греј има 24 години и е позната како модел и тв-водителка
За најубава жена во универзумот за 2018 година е избрана мис Филипини, Катрион Магнајон Греј.
Оваа 24-годишна убавица е родена во Квинсленд, татко ѝ е по потекло Шкот-Австралиец, а мајка ѝ Филипинка.
Катрион ја следат повеќе од половина милион луѓе на Инстаграм, а позната е како тв-водителка и модел.
За прва придружничка е избрана мис Јужна Африка, Тамарин Грин, а втора придружничка е мис Венецуела, Стефани Гутјерез.