Ова е првата плажа во Грција на која пушењето цигари е забрането

1037

Плажата Ваја на Серифос е првата плажа во Грција на која пушењето цигари е забрането. Островот Серифос во пресрет на Светскиот ден на борбата против пушењето, 31-ви мај, донел одлука плажата Ваја од ова лето да стане место без чад од тутунот што ја прави прва од тој вид во цела Грција.

Исто така оваа одлука е донесена во согласност со програмата за заштита на животната средина „Sea Change Greek Islands“ која ја организираат десетте острови Киклади.

Во текот на чистењето на крајбрежјето во последната деценија се воспоставило дека најмногу од морските отпадоци се догорчиња од цигари и дека ситуацијата е најлоша на рајскиот остров Серифос.

Плажата Ваја ќе има посебен дел на кој ќе можат да се пушат цигари, но во строго контролирани услови.

„Догорчињата се еден од најчестите загадувачи на крајбрежјето на Кикладите, а Серифос е место со најмногу отпад од тој вид. Самата одлука да ја заштитиме плажата Ваја треба да предизвика подигнување на свеста, но и превенција за загадување на морето. За разлика од останатите морски отпадоци, морето не ги исфрла догорчињата од цигари туку тие засекогаш остануваат во него“ – рекла д-р Ангелики Космополу, извршен директор на Фондацијата за општо добро „Atanasios K. Laskaridis“.