Ова е временската прогноза за цела недела

884

Најавите на метеоролозите за следните неколку денови се делумно суво но и делумно врнежливо време.

Вторник ќе биде претежно облачен ден. Претпладне очекуваме релативно слаби снежни врнежи претежно во јужната половина од земјата. Само во гевгелиско – дојранскиот регион врнежите би биле од дожд или евентуално дожд мешан со снег. Попладне облачноста постепено ќе се намалува, пренесува метеопро.

Ќе дува умерен северен ветер. Наутро ќе биде студено, со со минимална температура „повисока“ во однос на понеделник. Вредноста на минималната воглавно ви била помеѓу -4°С и 0°С.

Дневната температура ќе има вредност помеѓу 0°С и 3°С, а на југоисток околу 5°С.

Суво време очекуваме во среда и четврток, со повремени подолги сончеви периоди.

Овие два дена ќе имаат студени утра, со тоа што утрото в четврток ќе биде постудено.

Во среда минималната низ котлините минималната температура ќе има вредност помеѓу -5°С и 0°С, а на повисоките места околу -7°С. В четврток утрото би било за околу 2°С до 3°С постудено.

Дневниот максимум овие два дена би бил помеѓу 3°С и 5°С, односно околу 7°С на југоисток.

Преодно наоблачување очекуваме во последниот ден од работната недела. Од оваа облачност има изгледи за слаби и повремени локални врнежи, пред се во северниот регион.

Темпераурата ќе биде во пораст, пред се во поглед на минималната температура, која би била значајно повисока во однос на четврток.