Моделите Шенон и Шенед Клермонт се еднојајчани близначки кои палат и гасат на социјалните мрежи. Само на Инстаграм овие Американки ги следат повеќе од милион луѓе.
Со своите атрактивни и крајно провокативни фотографии мамат воздишки од мажите во целиот свет.
Овие сестри работеле и на ревии со многубројни дизајнери и се заштитни лица на брендот “Yeyyy”, а краселе и многубројни американски насловни страни.
Освен што се познати по атрактивниот изглед, Шенед во 2017-та била обвинета за кражба на банкарски сметки и идентитет на мртов човек и трошење на 200.000 долари во приватни цели, односно за патувања, облека и раскошен живот, што на крајот објавувала на Инстаграм.
Таа била осудена на 5-ти април на една година затвор за кражба на идентитет и пари.
Сепак, како и да е, фотографиите на Инстаграм привлекуваат големо внимание.