Ова се најлошите Формула 1 судари во последните 18 години

933

Кога ќе го погледнете видеото, ќе сфатите зошто токму Формула 1 е најопасниот спорт на светот…

Легендарниот Ники Лауда зборуваше: “Свесен сум дека со влегувањето во болидот го ризикувам својот живот и дека постои веројатност од 20% да загинам”. Возачите на Формула 1 се дефинитивно најхрабрите и најлудите луѓе на планетата бидејќи свесно го ризикуваат својот живот секој пат кога ќе седнат во “монструмите” од автомобили, дизајнирани да се возат со брзини поголеми од 300 км/ч.

Иако се тежнее кон тоа несреќите во Ф1 шампионатите да бидат што помали, нив некогаш е тешко да се избегнат и често се случува возачите да завршат во стравични несреќи со тешки повреди, а понекогаш за жал се случува некој од возачите да го изгуби и животот.

Ние денеска ви ги претставуваме најлошите Ф1 судари кои се случиле во последните 18 години. Кога ќе го погледнете видеото, ќе сфатите со каков ризик се соочуваат возачите и зошто токму Формула 1 е најопасниот спорт на светот.