Ова се последните минути на девојчето пред морничавата смрт: Објавени се снимките од Викторија како оди кон кобното место…

967

Снимките од безбедносните камери ги прикажуваат последните минути од животот на 14-годишната Викторија Соколова која што се движела кон паркот во Вулверхемптон каде што беше пронајдено нејзиното тело откако била силувана и убиена.

Сцената во паркот каде што било пронајдено телото на Викторија била опишана како „ужасна“, а полицајците кои што први пристигнале на местото на злосторството за британските медиуми изјавиле дека биле шокирани од количината на насилство употребена против 14-годишната Соколова.

Како што е познато од претходно, за убиството на Викторија е одговорен 16 годишен тинејџер чиј што идентитет не се открива поради тоа што е малолетен, а убиството се случило во април оваа година. Обдукцијата открила дека Викторија, која што потекнува од Литванија, била убиена од удар со тап предмет по главата.

Британските медиуми откриваат дека обвинетиот ја убил, а потоа и анално ја силувал Викторија, а тој на судот негирал дека го сторил злосторството.

Облечен во сина маица и фармерки, обвинетиот само накратко се изјаснил како невин по трите точки од обвинението, пред да биде испратен назад во притворот за малолетници.