Ова со сигурност знаеме дека се случува по смртта

3412

Кијану Ривс не е човек кој многу зборува, но кога ќе проговори, сè е на место.

Во петокот навечер актерот гостувал во емисијата на Стивен Колберт, “The Late Show”, и ги претставувал остварувањата во кои работи, меѓутоа, во еден момент разговорот тргнал во насока на филозофија и смртност.

Откако Ривс го изнел своето многу едноставно мислење за смртта, водителот десет секунди молчел.

Ривс го објаснувал заплетот на филмот “Bill & Ted”, во кој од двајцата главни ликови и нивната способност да напишат песна зависи целиот свет.

“Ако не успеат, тоа е крај на целата вселена, тоа е крајот на временско-просторниот континуум”, рекол Ривс.

Водиетлот после тоа го прашал што мисли дека се случува откако ќе умреме.

Актерот малку размислил, па одговорил: “Знам дека ќе им недостасуваме на оние кои не сакаат”.

Инаку, познатиот актер доживеал неколку загуби на блиски луѓе во животот.

Татко му го напуштил кога имал само три години, па често се селел со семејството и променил дури четири средни училишта. Во тоа време пател и од дислексија.

Во 1993-та година неговиот најдобар пријател Ривер Феникс починал од предозирање, што силно влијаело на Ривс. “Беше одлично момче и неверојатен актер. Многу добро се согласувавме, многу ми недостасува, често мислам на него”, рекол тогаш.

Уште една трагедија го затекнала во 1998-ма година. Со својата тогашна девојка Џенифер Сајм чекал дете, но бебето го изгубиле во осмиот месец од бременоста. Тоа резултирало со раскинување на врската, а по една и пол година Џенифер загинала во сообраќајна несреќа.

Малку е познат и фактот дека Ривс е законски старател на својата сестра, која заболела од леукемија. Во текот на нејзината борба со суровата болест, актерот започнал низа хуманитарни иницијативи и често донирал големи суми за таа цел.