Интерпол ја бара поранешната девојка на главниот осомничен за случајот со малата Меделин, а Хрват од Брауншвајг добро ја памети.
Станува збор за Албанка од Македонија…
“Девојката која ја бара Интерпол не е од Косово туку од Македонија. Го познавав тоа семејство бидејќи братот на девојката работеше со мој пријател, а неа ја гледав кога минуваше пред мојот ресторан”.
За “24 Sata” тоа го открил Хрват од германски Брауншвајг, чиј ресторан е оддалечен на 10-тина метри од киоскот во кој со години работел Кристијан Брукнер, главниот осомничен за киднапирањето и смртта на Меделин МекКен од 2007-ма година. Прв пат медиумите објавиле фотографија Наксција Мифтари, која како тинејџерка била девојка на Брукнер.
Германските власти издале црвена потерница за нејзино апсење. Откако се разделиле, Мифтари го пријавила во полиција поради насилство. Според зборовите на сведоците, таа тогаш имала околу 17 години. Полицијата верува дека поранешната девојка на Кристијан Брукнер, Нексиције Мифтари, која брутално ја тепал, би можела да изнесе клучни докази за исечзнувањето на Меделин.
“Дури кога ја видов фотографијата во медиумите, се сетив дека таа речиси секојдневно седеше во просторијата зад киоскот во кој работеше Кристијан. Дури тогаш соседите зборуваа се, знаете како оди тоа. Им беше необично и сомнително што една малолетничка толку интензивно се дружи со маж постар од себе”, додава Хрватот.
Вели дека не му е познато дали нејзините родители знаеле што прави нивната ќерка.
“Тоа е големо семејство со десетина деца. Таткото го познавав, но тој почина пред десетина години. Откако Кристијан заврши зад решетки, повеќе не ги гладав и никој не знае каде се преселија”, рекол тој.