Оваа девојка направила сообраќајка, а брзата помош мислела дека е мртва поради маската која ја носела

754

Оваа студентка малку се занесла со шминкањето за Ноќта на вештерките па предизвикала збунетост кај работниците од брзата помош по несреќата.

Сидни Волф возела накај дома од проклетата куќа во South Point во петокот навечер, објаснила на Твитер. Во проклетата куќа го промовирала претстојниот мјузикл „Carrie“ темелен на ромаот на Стивен Кинг кој ќе се оддржува на нејзиниот факултет во Северна Вирџинија.

Во мјузиклот Волф глуми протагонист, а за да ја промовира претставата таа се облекла како Кери, што вклучувало и лажна крв. Но, костимот кој веројатно бил хит во проклетата куќа, ја збунил брзата помош, но и полицијата откако Волф удрила некој елен и го скршила автомобилот.

На Твитер опишала дека работниците од брзата помош мислеле дека е мртва, а нејзината објава станала вирална. Девојката поминала само со скршеница на носот.

Брзата помош и полицијата не ѝ верувале на зборот дека станува збор за маска. Таа вели дека полицајците непрекинато ја испрашувале. Сидни на крајот не се загрижила премногу поради потенцијално опасната ситуација туку ги искористила своите пет минути на слава за да ја промовира претставата чија премиера е денес.