Од Јануари до Јуни 2020 година Македонија има дури 2.739 помалку починати во однос на првото полугодие 2019 година.
Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510
Верувале или не, во првото полугодие од 2020 година, во услови на постоење на коронавирусот, има за 2.739 помалку починато луѓе по сите основи во однос на првото полугодие ланската 2019 година.
Според Заводот за статистика минатата година во земјава имало повеќе починати отколку родени. 20.446 починале, 10 илјади од починатите биле од кардиоваскуларни заболувања. 19.845 е бројката на новородени во 2019 година.
Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку. По месеци минатата година и оваа година најмногу починале во јануари. 2 027 минатиот јануари и 1355 овој јануари, што е нормално, поради намален имунитет од студот, поретко излегување надвор на сонце и чист воздух, а со тоа и зголемување на бројот на заболени од разни инфекции.
Се поставува прашање, како е можно во услови на коронавирус, од кој умираат луѓе, бројот на починати во земјава да биде далеку помал во однос на бројот на починати во 2019 година кога нема никкви последици од коронавирус. Апелирајки за опасноста од коронавирусот ги заборавивме другите болести од кои денес и во минатото луѓе умираат, но тоа никаде не се соопштува јавно.