Оваа маска чини колку четири станови во Скопје

861

Маската која чини неверојатни 212.000 евра, била претставена од познатата златарница “Jacob & Co”.

На маската има дијаманти и бело злато, и наредени се на начин што оддаваат впечаток дека станува збор за вистинска ткаенина.

На неа се потрошени 3.040 дијаманти со вкупно 73.27 карати.

Ја дизајнирал основачот на њујоршката компанија “Jacob Arabo” со помош на тим од златари.

Тешка е 156,9 грама, а треба да се носи преку заштитна маска.

Иако прво било дизајнирано само едно парче, компанијата сега прима нарачки.

Од компанијата рекле дека оваа златарница е позната по тоа дека им дава нов живот на секојдневните работи, од кравати и ракавици, до тоалети и долна облека.

Сега кога сите, ширум светот, мора да се носат маски, Арабо одлучил на овој сега задолжителен предмет, да му даде сјај и елеганција.