25-годишната Алексис Мерседес Боберг се пријавила во полиција откако ученик признал дека имал сексуални односи со неа во повеќе наврати.
Полицијата била известена за целиот случај на 5-ти јуни, недолго откако момчето ѝ раскажало на својата мајка за неговиот однос со професорката. Таа била на замена во средното училиште во Балтимор и имала сексуални односи со ученикот, откриваат од обвинителството.
Професорката и ученикот ги размениле телефонските броеви на училиште, а наводно откако започнале да комуницираат на социјалната мрежа “Snapchat”, тие почнале меѓусебно да праѓаат фотографии со експлицитна содржина.
Истражителите тврдат дека професорката му испратила на момчето свои експлицитни фотографии, а пред да имаат сексуален однос, таа излегла на пијачка со него и неговиот другар.
Според обвинителството, тогаш професорката ги почестила алкохолни пијалоци, иако тие се малолетни, а неколку дена подоцна имале и секс. Како што момчето открило во полициската станица, тој чекал пред куќата се додека Алексис на му дала знак да влезе во нејзината спална соба.
Неколку дена подоцна имале секс и во нејзиниот автомобил, а набрзо потоа ученикот ѝ кажал на својата мајка за неговиот однос со професорката. Мајката побарала веднаш да ѝ биде забрането на професорката да му приоѓа на нејзиниот син и да ѝ биде врачен отказ.
Професорката на суд се појавила во понеделникот, по што била пуштена на слобода. Нејзиниот адвокат вели дека таа има намера да се изјасни за невина. Работела како професорка на замена од 2016-та година, а откако се дознало за случајот, веднаш добила отказ.