Многумина го занемаруваат овој сигнал, а раното откривање на оваа опасна болест е од пресудно значење.
Во последните неколку години може да се каже дека е забележан раст на заболени од канцер на белите дробови. Многумина ги занемаруваат првите симптоми, а токму тие можат да помогнат и во лечењето.
Истражувањето кое што го спровело здружението „Cancer Research“ од Велика Британија, покажало дека првиот и најран симптом на оваа опасна болест е отекување на лицето или пак на вратот, пренесува британски „Exsspres“.
Доктор Марк Хајмен кој што ја спровел оваа студија тоа го објаснува вака:
„Вената пренесува крв до срцето. Доколку канцерот тргне да се развива тоа може да го блокира протокот на крвта во оваа вена, што предизвикува оток“.
Многумина оваа промена на лицето често ја мешаат со алергија. Доколку отокот не се повлекува со денови, тогаш задолжително треба да се јавите на доктор, е советот од оваа организација.
Докторот исто така додал:
„Можеби ќе добиете стероиди за да го намалите отокот. Лечењето ќе зависи од вашата ситуација, но раната дијагноза е неважна и во таква ситуација лечењето е поизвесно“, изјавил тој.