Оваа реклама за пиво може да предизвика “оргазам на мозокот”, а потребно е да направите едно нешто за да го доживеете

775

Зои Кравиц во новата реклама за Супер Боул предизвика сосема специфично чувство кое научниците го нарекуваат “оргазам на мозокот”. Можеби е крајно време да ја погледнете оваа реклама и да уживате до максимум.

Новата Супер Боул реклама има за цел да ги опушти и смири фановите благодарејќи на улогата во неа во која ја има познатата глумица Зои Кравиц.

Рекламата веќе достигна 13 милиони прегледи, што ја претставува огромната публика која изреагира па оваа ситуација се нарекува автономен сензорски меридијански одговор ASMR .

Оваа состојба е позната по неможноста да се контролираат емоциите и нагонот на некој стимулус, па може да дојде до различни физиолошки реакции, како што е нагло покачување на крвниот притисок, температура во главата, препотување и слично.

Научниците велат дека сè уште нема доволно докази дека рекламата со Зои Кравиц ја предизвика оваа состојба, а она што е неминовно е дека е добра за ублажување на депресијата и анскиозноста.

Чувството на ASMR речиси секогаш започнува од главата, односно скалпот и потоа слегува долж вратот, рамената, раката и грбот. Некои научници кои се занимавале со чувствата кои предизвикуваат вакви ситуации зборуваат за таа состојба дека тоа е “оргазам на мозокот”.

Чувството е опуштено и привлечно, но не на сексуална основа, се задржува само во мозокот и токму поради тоа е така наречено.

Корисниците на ASMR видеото велат дека овие содржини им помогнуваат да заспијат, бидејќи се релаксирачки, а кога ќе замижат можат да почувствуваат “пепрутки” сè до врвот на ножните прсти и да уживаат во чувството со целиот свој памет.

Една канадска студија го утврди тоа правејќи скенер на мозокот на испитаниците дека сосема сите различни групи на неврони се соединуваат и функционираат заедно под дејство на ASMR видеото.

Проверете како рекламата со Зои Кравиц влијае на вас.