Оваа сцена од поплавената Далмација стана хит: „Фотографијата одлична, а ситуацијата стравична“

688

Фотографијата направена во Пировец станала хит на социјалните мрежи, а мнгоумина се согласиле дека совршено ја доловува ситуацијата во која се нашла Хрватска.

„Плима до црквата, мачка на сплав, алишта под чадор“ – напишале покрај фотографијата која била објавена на Фејсбук страницата “Dnevna doza prosječnog Dalmatinca“.

На фотографијата гледаме поплавена улица, мачка која се качила на некое дрво кое плови во водата и облека која се суши сокриена под чадор.

Екипата од горенаведената Фејсбук страница била воодушевена од оваа фотографија, а некои се прашувале дали тоа е Венеција.

“Баш генијално“, “Вреди за целиот Јадран“, “Фотографија на одлична ситуација“, “Фотографија вредна сто зборови“, “Далмација- мала Венеција“, “Дали е тоа Венеција?“ – биле само некои од коментарите.