Оваа ситница во пасошот и личната карта може да ве чини казна од 100 до 500 евра

806

Министерството за внатрешни почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа или личната карта.

Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра. Според информациите на МВР досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра. Инспекторите најчесто делат опомени за оние што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец.

Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи. Оттаму се повикани на разговор со инспектор. Доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба. Ако истата не се плати во рок од осум дена прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.

Во Законот за патни исправи е предвиден рок од 30 дена за промена на патните исправи доколку има промена на лични податоци.