Оваа снимка покажува како ветерот носел сè пред себе во Грција: Ураган од прва од категорија го опустоши Халкидики

785

Грчки Халкидики беше погоден од незапаметено невреме со ветер од дури 120 километри на час, кој се вбројува во ураган од прва категорија.

Според последните податоци загинале најмалку седум луѓе, меѓу нив и две деца, а повредени биле околу 120.

Ветерот кој го погодил полуостровот достигнал брзина од најмалку 100 километри на час, а носел столчиња, маси и лежалки, корнел дрвја и ги фрлал на возила и ресторани.

Една Романка настрадала кога ветерот на една таверна фрлил киоск, па кровот и паднал директно на глава. Нејзиниот 8-годишен син се обидел да и помогне, но ветерот го кренал и го фрлил на земја, по што и тој починал.