Оваа заносна бринета е првиот ангел на Викторија сикрет кој носи големина 44 (ФОТО)

1023

После бројните критки за тоа како се вработуваат само преслабите манекенки и влијаат на погрешниот идеал на убавина во современото друшто, брендот Викторија Сикрет решил конечно да направи пресврт и да им даде можност на моделите со облини.

Имено, оваа модна куќа ангажирала, за првпат во нејзиното работење, манекенка која носи конфекциски број 44, за потребите на еден проект.

Станува збор за 178 сантиметри високата Али Тејт Катлер – заносна бринета со бујни гради и задник, но и тело кое испраќа реална слика за женската убавина.