Меган Фокс во целост му се посвети на семејниот живот, односно синовите и сопруот Брајан Остин Грин. 32 годишната актерка важи за една од најубавите жените на светот.
Таа е мајка на три синови и сопруга на 44 годишниот глумец Брајан Остин Грин, најпознат по улогата во некогаш популарната серија “Beverly Hills 90210”. Меган е комплетно посветена на своето семејство и досега речиси немавме воопшто можност да ја гледаме на свечени холивудски настани.
Сепак, од неодамна таа се појавува почесто во јавноста и тоа во беспрекорни изданија. Иако глумицата сака едноставен и опуштен стил на облекување и никогаш не се нашла на листата на најдобро облечени дами во Холивуд, таа секогаш привлекува внимание со својот изглед, особено со нејзината убавина.
Сепак, неодамна фановите ѝ порачале дека треба да престане со употреба на ботокс, бидејќи веќе започнувала да наликува на “порцеланска кукла”.
Иако е среќно зафатена, за мажите ширум светот Меган секогаш ќе остане на врвот на листата на најсексапилни жени.