Овој дедо има 125 години и 8-годишен син: Пуши цигари речиси целиот живот, а ова е тајната на неговата долговечност

988

Либанецот Сулиман Ал Мул има 125 години, 8-годишен син и вели дека тајната на неговиот долг живот се крие во билниот чај.

Овој старец вели дека чајот му дава виталност и сила и покрај неговите поодминати години.

Сулиман Ал-Мус исто така е активист, игра важна улога во борбата против уништувањето на животната средина, односно против количината на ѓубре кое се наоѓа на улиците во неговата земја.

“Го носат целото ѓубре од светот тука во Акар. Акар не е депонија”, вели тој.

Неверојатен податок за овој маж е дека пуши цигари веќе 80 години, што значи дека е љубител на овој порок уште пред Втората светска војна.

Сулиман и натаму е многу активен, сече дрва и пешачи секој ден, а го опишуваат и како женкар.

“Дури и сега фрла око на други жени”, вели неговата сопруга.

Таа се обидува да води сметка за него и да го носи редовно на контроли, меѓутоа со оглед на неговите години, тоа можеби за неа е веќе изгубена битка.

Доказ дека Сулиман е толку стар не постои, бидејќи оние кои се родени во региониот Акар немаат изводи од листата на родени. Меѓутоа, оние кои му се блиски инсистираат дека има дури 125 години.