Овој минерал е „рецептот“ за долговечност: Ги елиминира вирусите и бактериите

734

Резултатите од истражувањето „Randers-Skagen“ објавени на сајтот „The National Center for Biotechnology Information“, докажуваат дека исхраната која што е богата со јод директно е поврзана со долговечноста.

Испитаниците биле следени во текот на 20 години. Содржината на јод во водата во Скаген е 70 пати поголема отколку во Рандерс (139 микрограми спроти 2 микрограми). Смртноста била следена до 2017 година.

Животот во Скаген е преполн со јод, а токму тој упатува на подолг животен век на своите жители. Животот во средина богата со јод може да биде клучот за долговечноста.

Одамна е познато дека јодот ги убива вирусите и бактериите. Тоа што многумина не го знаат е дека тој е еден од есенцијалните минерали кои што нашето тело не може да ги произведе, па поради тоа тој мора да го внесуваме преку секојдневната исхрана.

Најмногу го има во алгите, морската риба и кујнската сол. Јодот исто така го намалува оксидативниот стрес (слободните радикали) кои што настануваат во имунолошката борба на организмот, а имунолошкиот систем зависи од правилниот метаболизам.

За метаболизмот е одговорна и штитната жлезда, а токму јодот е нејзиното „гориво“. Последиците од недостатокот на јод можат да бидат умор, депресија, слаба концентрација.

Ова се показатели кои укажуваат на тоа дека имате проблем со недостаток на јод: се чувствувате уморно, сте почнале да заборавате, депресивни и анксиозни сте, срцето побавно ви чука.

Проблемите со штитната жлезда можат да емитираат многубројни психички пореметувања кои што се движат од депресија, анксиозност, па дури и до психоза.

Единствената ефикасна превенција во такви ситуации е внесувањето јод. Поради тоа добро би било доколку го зголемите неговиот внес во вашиот организам, а Јапонците дневно внесуваат по 1-3 милиграми јод.