Овој Русин го “закачил“ Мерцедесот од 250.000 евра на хеликоптер па го фрлил од висина од 300 метри – погледнете

747

Рускиот јутјубер Игор Мороз, од само за него позната причина, одлучил да го уништи својот Мерцедес Benz AMG G63. А, за да го направи тоа, смислил необичен и ефикасен начин.

Судбината на овој автомобил решил да ја запечати така што го фрлил од висина од 300 метри, претходно кревајќи го со хеликоптер.

Својот Мерцедес го донел на аеродромот во Пертозаводска каде што изнајмил хеликоптер за својата идеја да ја реализира на дело.

Мороз во Русија е познат како “пранкстер“ кој своите видеа ги објавува на Јутјуб па секако дека и оваа ситација која самиот ја смислил и реализирал ја снимил и ја поставил на својот Јутјуб канал.

Својот, сега веќе поранешен автомобил го купил на почетокот на 2018-та година за 16.8 милиони рубљи односно за околу 244.000 евра.

Мороз, тврди дека од својот скапоцен автомобил не бил многу задоволен, а поради тоа често морал да го носи на сервис каде што некогаш “останувал“ и по еден месец.

Јутјуберот вели дека продавачот на автомобилот неколку пати одбивал да му ја признае гаранцијата за автомобилот.