Актерите Доминик Вест и Лили Џејмс ги изненадиле сите случајни минувачи во Рим кога им се препуштиле на страсните бакнежи на пауза од проектот на кој заедно работат.
Папараците ги фотографирале Доминик и Лили во едно кафуле, а оженетиот актер не се грижел за љубопитните погледи. Тие се бакнувале, се допирале и се галеле додека го пиеле своето кафе, а судејќи според извори блиски до нив, тие поминале две ноќи заедно во апартман во хотелот „De La Ville“.

Набрзо откако се појавија фотографиите во јавноста, „Daily Mail“ објави дека сопругата на Вест, Кетрин Фицџералд останала шокирана и со скршено срце.

Пријатели на Кетрин истакнале дека таа сметала дека бракот им е добар се додека не ги видела фотографиите од Рим.
„Таа се обидува да го контактира Доминик, но тој не се јавува на телефон. Кетрин нема поим што се случува, но сметала дека бракот им е стабилен. Се чини дека нивниот брак сега е завршен, а се чувствува премногу тажно за да коментира било што на оваа тема“, вели избор близок до Фицџералд.

Доминик и Кетрин имаат 3 деца, а актерот од претходната врска има уште една ќерка. Парот е во брак од 2010 година, а досега немале никакви проблеми. Лили Џејмс пред неколку дена објави дека се разделила со актерот Мет Смит со кој во последните неколку месеци се обидувала да ја спаси 5-годишната врска, но безуспешно.


Интересно е тоа што Доминик е ѕвезда на серијата „The Affair“ во која го толкува писателот Ноа Соловеј, кој ја изневерува сопругата со млада келнерка и ја остава неа и 4-те деца.
