Падна првиот договор: Познато е како оваа година ќе може да се патува и летува во Грција

501

Министерката за туризам на Србија, Татјана Матиќ и министерот за туризам на Република Грција, Харис Теокарис, на денешната онлајн средба се договорија за потпишување на заеднички Меморандум за разбирање од областа на туризмот, во контекст на пандемијата Ковид-19, со кој ќе се дефинираат условите за влез на патници од Србија во Грција и од Грција во Србија, во периодот од 1 мај до 1 октомври 2021 година.

Ова е корисна информација и за македонските граѓани кои сакаат да летуваат во Грција, а се очекува дека по примерот на Србија и Грција и Скопје и Атина да склучат сличен меморандум.

По тој повод, српската министерка Матиќ објави дека со Меморандумот е договорено заемно признавање на електронските сертификати за вакцинација.

На тој начин ќе можат да влезат граѓаните од обете држави кои се вакцинирани, додека ПЦР или антигенскиот тест ќе биде задолжителен за граѓаните кои не биле вакцинирани. Исто така, ќе се прават случајни брзи тестови на самата граница, објасни таа.

Таа исто така спомена дека граѓаните што досега не биле во можност да направат замени патувања во Грција, а кои имаат склучено договори со туристичките агенции, тоа ќе можат да го сторат до 31 декември 2021 година.

Отворањето на грчката граница за српските граѓани во текот на летната сезона ќе биде симболична слика за целосно нормализирање на нашите животи, но и уште една потврда за длабокото и вистинско пријателство и вонредните билатерални односи меѓу Србија и Грција, рече Матиќ.