Еден падобранец загина, а друг е во критична состојба после страшна несреќа кога после скокот удриле во столб и паднале на земја. Несреќата се случила на северот на Турција во момент кога ветерот изненадно го промени правецот наведувајќи ги инструкторот на падобранот и почетникот кој скокал за првпат да удрат директно во столбот.
Инструкторот Хусеин Илхан почина во болница од повреда на главата, додека Евен Салчи е во критична состојба. Како што пренесуваат локалните медиуми, изненадната промена на ветерот ги понела кон столбот каде удриле.
Преживеал две несреќи
Инциденотот го снимил случен минувач, а на почетокот се гледа како тандемот безбедно лебди на небото, а во следната сцена паѓаат. Илхан веќе имал две падобрански несреќи пред оваа која беше фатална за него. Првиот пат паднал во океан, додека вториот пат останал да виси од дрво.