Пак се тресе Мадрид: Тотенхем бара 250 милиони евра за „новиот Модриќ“

972

Иако се очекува в понеделник да ја освои Златната топка, на Лука Модриќ му се одброени деновите во Реал Мадрид.

Прашање е само дали ќе си замине на половина или на крајот од сезоната и со тоа ќе ја заврши својата седумгодишна епизода во клубот со кој освои четири титули во Лигата на шампионите и една во Ла Лига. Многу кандидати има за негов наследник, но раководството на клубот повторно е свртено кон истиот тим од каде дојде Модриќ – Тотенхем.

Станува збор за Кристијан Ериксен кој последните години беше интересен и за Барселона, но до договор не дојде, пред се поради екстремните барања од лондонскиот клуб. И сега не е поинаку. За својот играч, Спарс бараат 250 милиони евра, нереална сума која би го направила Данецот најскап фудбалер на сите времиња.

Ако се знае дека претседателот на Тотенхем, Даниел Ливај е многу тежок за преговарање, Реал нема многу шанси да ја симне цената за играчот кој го посакува.