Панчев без влакна на јазикот, го нападна Ангеловски, а потоа порача: Да споредуваш ракомет и фудбал е исто како…

779

Дарко Панчев, легендарната „кобра“ на југословенскиот фудбал е познат како човек кој нема влакна на јазикот.

Токму такво интервју имаше за „БиБиСи на српски“ во кое зборуваше за неколку теми меѓу кои и репрезентативниот фудбал во Македонија, како и за ракометниот успех на Вардар кој два пати стана европски клупски шампион.

Панчев го критикуваше Ангеловски поради изјавата дека оваа репрезентација која ја има Македонија е најуспешната во историјата.

– Нашите ги победија Гибралтар и Лихтенштајн, а селекторот вели дека сме најдобри во историјата. Па зарем е така затоа што го победивме Гибралтар?, – започна Панчев и се осврна за дуелот против Косово кој е можеби еден од најважнтие натпревари во нашата репрезентативна историја.

– На Балканот, за жал, спортот секогаш е во втор план, но се надевам дека против Косово ќе биде мирно, со големо обезбедување и без инциденти. Косово понуди солидни партии, не е слаба репрезентација, имаат неколку добри играчи, но сметам дека Македонија е апсолутен фаворит, – изјави Панчев.

Поранешниот напаѓач на Вардар и Црвена Звезда потоа повлече паралела помеѓу фудбалот и ракометот во Македонија. Тој не го негираше успехот на ракометниот клуб на Вардар, но посочи дека македонскиот народ е таков што би се „запалил“ и на финале на натпревар во куглање.

– Да се спореди ракометот со фудбалот е исто како да споредувате професор од средно училиште во Скоје со Ајнштајн. Па кој гледа ракомет во Европа? Нашите луѓе се желни за успех, да играме европско финале во куглање и да имаме голема сала, таа би била полна. Но, кога сте виделе дека во школскиот двор се собираат десетина деца и играат ракомет? Денес за жал не играат ништо, но ако играат тоа е фудбал, или евентуално кошарка, – заврши Дарко Панчев.