Панчев: Оние кои служеле војска се навикнати на ваков карантин

742

Панчев во интервју за официјалната страница на Црвена Звезда зборува за тоа како го минува времето во изолација.

„Морам да признаам дека малку се досадувам, малку гледам и телевизија. Во главно седиме со семејството и децата кои се понервозни од нас. Дисциплинирани сме и мораме да бидеме такви затоа што работатае сериозна и препораките мораат да се почитуваат. Оние кои повеќе знаат од нас за оваа борба велат дека најдобро е да се седи дома и ние треба да бидеме дисциплинирани за да победиме“.

Панчев смета дека овој карантин полесно ќе го поминат оние кои служеле војска и професионалните фудбалери.

„Ние за среќа сме подалеку од ситуација како во Шпанија, Италија, Германија или Америка, немаме толку многу заразени. Оние кои служеа војска се навикнати и полесно ќе го поминат карантинот, исто така и професионалните фудбалери се навикнати на ваков живот. Верувам дека поголем дел од нив биле во карантин повеќе денови низ кариерата“, изјави Панчев.