Пандев: Словенија и Полска ќе бидат клучни за нашиот пат кон ЕП 2020!

919

Горан Пандев беше повторно лидер на теренот и се појави во дресот на Македонија и покрај болките што ги имаше пред средбата.

Најискусниот играч се запиша во листата на стрелците на дуелот во Рига (0-2), а по истиот истакна дека е среќен од трите бода и дека следните два меча ќе бидат многу важни за нас.

„Овој натпревар за нас беше многу важен. Мислам дека извојувавме една рутинска победа. Важни се овие три бода, сега следат мечеви со Словенија и Послка и тие мечеви се одлучувачки. Целта беше да освоиме четири бода во овие натпревари, штета што не освоивме повеќе и со победа во Израел, но гледаме понатаму. Борбата за ЕП уште трае“, изјави Пандев.

Следниот дуел за Македонија ќе биде на домашен терен против Словенија и ќе се игра во рамки на октомврискиот прозорец, а потоа се гостува во Варшава, кај лидерот во групата Полска.