Паника на познатата плажа во Будва: Капачите се разбегаа кога во морето се појави ова

1014

Паника помеѓу капачите на познатата црногорска плажа Јаз, кај Будва. Инцидентот се случил денеска околу пладне, кога посетителите на плажата помислиле дека во морето има ајкула. Сите веднаш излегле од вода.

Во општата паника, во водата влегло едно локално момче, кое запливало кон „ајкулата“, за која на крај се покажало дека е само голема риба иглун, вид на сабјарка.

Целиот инцидент присутните го споделија и на социјалните мрежи.