Паника во Британија: Гордоста на руската флота опремена со најнов систем, Британците преплашени! Новото оружје на Русија предизвикува халуцинации кај непријателите

715

Бродовите на Северната флота на Русија, на чело со фрегатата “Адмирал Горшков”, минале во близина на базата на военото воздухопловство на Шкотска и ја вознемириле кралската морнарица и британските политичари.

“Times” наведува дека главното внимание било насочено на “Адмирал Горшков”, поради најновиот систем за визуелно-оптичко попречување “Филин”, кој може да предизвика халуцинации кај противникот.

Исто така, весникот наведува дека рускиот брод наводно извел противвоздушни вежби во близина на шкотскиот град Лосимут, што било причина ракетниот уништувач “Defender” на британската морнарица да биде ангажиран да го следи “Адмирал Горшков”.

Претседателот на Шкотската национална партија за одбрана, Стјуарт Мекдоналд, остро реагирал на проаѓањето на “Адмирал Горшков”, велејќи дека Русија намерно создава провокација со изведување на воени вежби во територијалните води на Велика Британија.

Притоа, повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана на Велика Британија, “Times” наведува дека руските бродови се доближиле до брегот на Шкотска, само да почекаат да мине олујата.

Прес-службата на Северната флота на Русија соопштила претходно дека, освен “Адмирал Горшков”, групата ја сочинуваат повеќенаменскиот логистички брод “Елбрус” и спасувачкиот брод “Николај Чикер”. Од моментот на напуштањето на Главната базата на Северната Флота – Северноморкс, руските морнари минале повеќе од две илјади моркси милји.

Како што соопштил началникот на прес-службата на Северната флота, капетанот Вадим Серга, во наредните неколку месеци руските бродови ќе извршуваат задачи на различни места по светскиот океан.