Во зградата на парламентот на БиХ по пошта пристигнал коверт во кој имало куршум.
Коверот, според првите информации, дошол од Белград, а куршумот бил спакуван во хартија. Пратката била примена во Заедничката служба на Институциите на БиХ.
Во ковертот имало и порака: “Со вера во Бог на живот или смрт”, и тука имало фотографија од костурска глава.
Како адреса на примател наведен бил парламентот на БиХ, улицата Плоштад БиХ 1, но не било назначено на кого точно бил ковертот наменет.
Полициските службеници веќе работат на расветлување на случајот. Како што се дознава, станува збор за куршум калибар 765.