Паника во Сиднеј! Солитер од 33 спрата може да се сруши во секој момент: Станарите слушнале распукување, а запрен е и сообраќајот!

787

Кулата „Опал“, облакодер во Сиднеј, во која се слушале звуци од распукување на ѕидовите, може да се сруши, а пријавиле станарите од соседната зграда.

Компанијата „Меритон“, која ја одржува соседната зграда, ги известила тамошните станари преку емаил дека „постои можност кулата (Опал) да се сруши“.

Околу 140 станари денеска се евакуирани од кулата „Опал“, која има 33 спрата.

Облакодерот во центарот на Сиднеј бил евакуиран откако станарите слушнале распукување на ѕидовите.

Освен станарите од кулата, евакуирани се и жителите од куќите кои се околу „Опал“.

Покрај тоа, запрен е и сообраќајот на железничката станица и на улиците околу зградата, а на местото има пожарникари кои го проценуваат структурниот интегритет на зградата.

Агенцијата потсетува дека „Опал“ има 392 стана и дека е неодамна отворен.