Фудбалерот на Баерн Минхен ужива на одмор со својата поубава половина.
Роберт Левандовски ужива на одмор во Сардинија, во популарното летувалиште Порто Черво, каде што пристигнал по напорната и најуспешна сезона во својата кариера во која што ја освои Лигата на шампионите со Баерн.
Левандовски без дилема ќе биде главниот кандидат за награда за најдобриот на светот за 2020-та година, која што ќе биде доделена и покрај прекинувањето на сезоната поради коронавирусот.
Додека ги полни батериите за наредната сезона, Левандовски ужива со својата поубава половина на италијанскиот остров, но секако дека не може целосно да се опушти затоа што папараците го следат секој негов чекор.
Па, така тој бил фотографиран додека на плажата разменува нежности со својата сопруга Ана.
Но, еден детаљ привлекол големо внимание. Имено, на шорцевите на Левандовски се забележува голема испакнатина, за која што обожавателите само погодуваат што би можело да биде тоа.