Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциско, денес предупредил дека Европската унија ризикува да го изгуби влијанието и својата суштина ако политичките лидери не ги обноват сништата на нејзините основачи.
“Ако Европа не биде внимателна во врска со идните предизвици, таа ќе пресуши’, им рекол папата Франциско на новинарите по враќањето од тридневната посета на Романија.
Една недела по изборите за Европскиот парламент на кои зајакнала крајната десница, евроскептичните партии, папата повикал на молитви Европа да не биде “победена од песимизам и идеологии”.

Франциско ги критикувал католичките фундаменталисти и традиционалисти за кои рекол дека се заглавени во минатото, оценувајќи дека вистинската традиција е “е секогаш во движење”.
“Традицијата е гаранција за иднина, а не контејнер за пепел”, рекол папата.