Папата Фрaнциско расчини двајца чилеански бискупи кои биле инволвирани во скандалот со сексуална злоупотреба, соопшти денеска Ватикан.
Расчинети се надбискупот, Франциско Хозе Кокс Хунеус од Ла Серена и надбискупот Марко Антонио Орденес Фернандез, пренесе „Ројтерс“.
Се тврди дека двајцата се расчинети бидејќи сексуално искористувале малолетници со толку многу докази што канонско судење било практично непотребно.