Папата Франциск зборуваше за отпорот што постои во црквата за вакцините против коронавирусот. За кардиналот антиваксер кој заврши во болница, вели: „Тоа е иронијата на животот“.
„Дури и меѓу кардиналите има такви кои не ги сакаат вакцините. Еден од нив заврши во болница поради вирусот. Тоа е иронијата на животот“, рече папата Франциск.
Тој додаде дека речиси сите во Ватикан се вакцинирани и сега размислуваат како да им помогнат на оние кои остануваат скептични во врска со вакцината.
„Како деца, сите сме вакцинирани против детска парализа и мали сипаници и тогаш никој не се противеше“, додаде папата.