Папу Гомез ја откри причината за депресијата на неговиот соиграч, Јосип Иличиќ

635

Еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер на Аталанта, Папу Гомез конечно ја откри причината за депресијата со која се бреше неговиот соиграч, Јосип Иличиќ.

Словенечкиот интернационалец се врати во својата земја пред натпреварот од четвртфиналето од Лигата на шампионите во кој Аталанта играше со тимот на ПСЖ.

Иличиќ воопшто не заигра за Аталанта по рестартирањето на фудбалот во Италија, а сега фудбалерот конечно влегува во ритам и веќе одигра три натпревари во дресот на тимот од Бергамо.

Многумина ги шпекулираа причините за неговата депресија, а некои отидоа дотаму што објавија дека тој ја фатил својата сопруга како го изневерува па токму затоа се депримирал.

Сега Гомез откри дека причината за депресеијата која го совлада Иличиќ било тоа што тој бил позитивен на коронавирус и поради тоа паднал во депресија.

– Имаше коронавирус и падна во депресија. Доаѓа момент во животот кога главата ќе ти експлодира и тоа е тоа. За среќа тој сега е добро, -изјави Гомез.

Јосип Иличиќ е класичен пример дека коронавирусот е доста опасен и по психичкото здравје на луѓето.