Денеса се одржува првиот Скопје Прајд. Организаторите ја известуваат јавноста за детали околу агендата на настанот.
11.00-11.45 – Пристигнување на учесниците во паркот Жена Борец
12.00-13.00 – Марш до Градски парк
13.00-13.30 – Обраќања на активисти и претставници на граѓански организации и институции
14.00-16.30 – Музичка програма
Влезната точка за учесниците на Скопје Прајд и акредитираните новинарски екипи ќе биде лоцирана во Паркот Жена Борец, од страната на Порта Македонија. На посебни пунктови ќе може да се подигнат алките и новинарските акредитации. Прес корнерот за снимање изјави ќе биде лоциран на крајната дестинација на Прајдот, во близина на Школка во Градски парк.
Со цел да се обезбеди непречен влез во предвидената рута, организаторите да не се носат стаклени и остри предмети, пиротехника и балони. Во спротивно, истите ќе бидат одземени од страна на обезбедувањето.