Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство. Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 10 месеци ќе мораат тоа да го направат во ноември и декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.
Висината на К-15 се одредува врз основа на податоците за износот на просечната нето и бруто плата по вработен исплатена во поселдните три месеци. Врз основа на овие пресметки, минатата година тој износ беше најмалку 8.909 денари – најмалку 40% од просечната нето плата, а најмногу до 13.116 денари – најмногу до 40% од просечната бруто плата по вработен објавена за последните 3 месеци.
Зголемувањето на минималнецот од 10.080 на 12.000 денари и постојаниот пораст на просечната бруто и нето плата по вработен во Македонија се двата фактори коо влијаат на тоа работниците на крајот од годината да добијат поголем износ за К-15 во однос на оној кој беше исплатен минатата година.
Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.
Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци), пренесе Букефал.