Парис Хилтон сведочи за злоставувањето: „Изминативе 20 години имам кошмари кои не беа само сон“

467

Бизнисменката и старлета, Парис Хилтон зборувала за злоставувањето кое го преживеала во интернат во Јута.

Парис сведочела на суд во таа држава против интернатот „Provo Canyon“.

Старлетата во понеделникот ја обвинила нивната директорка за нанесување на емоционална, физичка и психолошка злоупотреба за време на нејзиниот престој во интернатот, додека била тинејџерка, пренесува „People“.

„Моето име е Парис Хилтон. Преживеав институционално злоставување и денеска зборувам во име на стотина илјади деца кои моментално се во слични установи ширум САД“, рекла таа на почетокот на сведочењето.

Родителите ја испратиле Парис во интернат кога била тинејџерка, и била во „Provo Canyon“ 11 месеци. За своето искуство првпат зборувала во Јутјуб документарецот „This is Paris“, во 2020-та година, кога воедно и првпат го обвинила интернатот за злоставување.

Тогаш навела дека со месеци била вербално, психички и физички злоставувана. Објаснила и дека била отсечена од надворешниот свет и тврди дека ѝ биле ускратени сите човекови права.

„Во последните 20 години имав кошмари во кои среде ноќ бев киднапирана од двајца странци, претресувана и заклучена во објект. Би сакала да можам да кажам дека тоа беа само соништа, но не беа“, додала Парис на сведочењето.