Францускиот претседател Емануел Макрон побарал од премиерот Едуард Филип да се состане со лидерите на најголемите политички партии и претставници на движењето “Жолти елеци”, кои ги организирале протестите поради зголемувањето на цените на горивата, за да се разгледа можноста за излегување од сегашната криза.
Тој истовремено од министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, побарал да размисли за “промени” во безбедносните процедури, со цел сопирање на актуелните протести.
Центарот на Париз бил “зона на борбени дејства и вандализам” дури и над Триумфалната капија, со палење на повеќе десетици автомобили, грабежи на продавници и уништување на приватни домови и кафулиња.
BREAKING: Anti Macron Protests: Video of French police forces brutally beating a yellow vest protester has led to anger among the French population.
WARNING: Footage may be disturbing for some: #GiletsJaunes pic.twitter.com/A5oF17oCKw— BNL NEWS (@BreakingNLive) December 2, 2018
Група полицајци во Париз ги извадиле заштитните шлемови пред голем број на граѓани кои протестираат поради зголемувањето на цените на горивата.
Потсетуваме, на протестите кои ескалирале во судирот на полицијата со граѓаните, повеќе од 400 луѓе биле уапсени, стотина повредени, запалени биле шест згради, 130 барикади и 112 автомобили.
Според локалните власти, тоа се најлошите нереди во Париз уште од 1968-ма година.
BREAKING NEWS: Looks like a massive fire has started a few blocks away from the Champs Élysée in Paris. As anti Macron riots continue.#GiletsJaunes
Developing… pic.twitter.com/IA3wiJDmT2— BNL NEWS (@BreakingNLive) December 1, 2018
Без разлика на природата на мерките кои ќе ги преземе, Макрон, пишува “Huffington Post”, “е во извесно тешка положба”, но сепак не се откажува од своите финансиски цели: “Процесот не се менува…останува зголемувањето на данокот на горивото”, рекол тој.
Многумина, меѓутоа, забележуваат дека главниот проблем на Макрон е што повеќе никој не го слуша, а неговите говори не допираат до големите маси на францускиот народ кој сака “дела, а не зборови”.