Паркинг кај ”Холидеј ин” си заминува во историјата, ќе се градат три облакодери

1066

Сопствениците на земјиштето на просторот кај хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје наскоро ќе почнат со градење на три згради со катност од 15, 20 и 25 ката, објави СДК.мк.

Според порталот, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква, преку фирмата „Обновители“, уплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар им го одобри идејниот проект за објектите.

Со тоа, сега останува уште инвеститорите да добијат одобрение за градба и потоа слободно да градат на овој последен слободен простор во центарот на Скопје. Мораториумот за градење во централното градско подрачје повеќе не е на сила, со што инвеститорите не би имале пречка да ги добијат дозволите.