Парондо: Постепено да ја креваме формата

769

Тренерот на Вардар, Гарсија Парондо посакува утрешниот дуел со Железеничар во СЕХА лигата да послужи за подигнување на формата на тимот, бидејќи се наближува стартот на Лигата на шампионите.

– Очекувам да одиграме подобро отколку на средбата од првото коло. Се обидуваме да ја креваме формата. Ни се наближува почетокот на Лигата на шампионите и овие средби треба да ги искористиме за да можеме на тие средби да покажеме далеку подобра игра, изјави парондо.

Предводникот на Вардар информира дека Игор Карачиќ и Вуко Борозан се чувствуваат подобро и дека постојат шанси тие утре да играат.

Тренер на српскиот вицепрвак Железничар е поранешниот шеф на стручниот штаб на Вардар, Веселин Вујовиќ.

– Секогаш кога во Скопје доаѓа екипа која е предводена од Веселин Вујовиќ знаеме дека не очекува интересна средба. На тие дуели ние влегуваме максимално мотивирано и сакаме да одработиме најдобро што може. Oчекуваме добар натпревар и сакаме да го покажеме најдоброто од нас на овој натпревар, изјави Тимур Дибиров.

Натпреварот ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански” со почеток во 20 часот и 15 минути.